| Вредности на пределот |
|
|
|
| Wednesday, 29 April 2009 09:46 |
|
Според член 6 од Законот за заштита на природата (Сл. Весник на РМ 67/04) под поимот предел се подразбира „топографски дефинирана територија што се состои од карактеристичен мозаик од меѓусебно зависни типови екосистеми коишто би можеле да бидат или биле предмет на специфични човекови активности“. Естетските квалитети на пределот во Паркот се должат на разнообразието и комбинирањето на неговите составни елементи како што се високите и спектакуларни планински врвови, камените реки и мориња, двете глацијални езера, сртот што ги поврзува Извидница и врвовите Стив, Илинден и Пелистер, потоа Ластовичин Камен и Јоргов Камен, шумите, а особено старите моликови шуми, високопланинските пасишта, селото Маловишта и друго. Сепак, пределот е целина чии вредности и квалитети се поголеми од збирот на вредностите и квалитетите на поединечните елементи. Треба исто така да се има предвид дека естетските квалитети на пределот се релативна и субјективна категорија. Така, за секој посетител различна комбинација од пределни елементи остава различен впечаток.
|
| Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:24 ) |




