|
Wednesday, 29 April 2009 09:52 |
|
Привлечната и ненарушена природа и сместувачките капацитети на Детското одморалиште кај Бегова Чешма и Младинското одморалиште во Нижеполе нудат извонредни можности за еколошка едукација на учениците. Во просек, во овие сместувачки капацитети годишно поминуваат над 12.000 ученици од основните и средните училишта од целата држава организирани преку разни рекреативни и образовни програми, а кои се дел од редовната „настава во природа“. Овие програми вклучуваат интерактивна настава во затворен простор и на отворено како и екскурзии. Во тек се завршните работи на патека од Детското Одморалиште до Голема Ливада која Управата на Паркот ја бележи и опремува првенствено за овие посетители. Покрај тоа, од 2004 година во рамките на Детското одморалиште работи „Центарот за еколошка едукација“ раководен од невладината организација „Молика“ од Битола кој нуди низа дополнителни активности како што се видео проекции (вклучително и филмови на еколошки теми), тури со водич и изнајмување на велосипеди. Во блиска иднина ќе бидат достапни и други содржини и можности преку работата на „Информативниот центар“ на Паркот чија изградба е во тек, како и со обележувањето на посебни образовни патеки и поставување на знаци и табли кои ќе ги информираат посетителите и ќе ги толкуваат вредностите во Паркот (активностите се во тек).
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:25 )
|