|
Wednesday, 29 April 2009 09:52 |
|
Паркот со своите ретки, разновидни и комплексни живеалишта и со нив поврзаните растителни и животински видови нуди извонредна и динамична „лабораторија“ за научно истражување и студии. Долго време после откривањето на македонскиот бор (моликата) и заедниците што овој реликтен вид ги воспоставува на Баба Планина сè уште предизвикуваат интерес кај научната јавност. Исто така, разновидноста и посебноста на тревните заедници на Баба Планина, особено високопланинските, сè почесто се предмет на интерес на истражувачите во Македонија. Во минатото Управата на Паркот во континуитет ја поддржувала и поттикнувала научно-истражувачката работа во Паркот. Од друга страна, голем е бројот на растителни и животински групи кои се многу малку или воопшто не се проучувани во минатото и меѓу кои веројатно постојат и видови или подвидови досега неопишани од науката. Малку се знае и за карактеристиките и динамиката на повеќето екосистеми во Паркот.
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:26 )
|