|
Wednesday, 29 April 2009 09:56 |
|
Во Паркот редовно се собираат околу 14 лековити растенија и повеќе видови габи, претежно од жителите на Маловишта и околните села на Паркот (види табели 29, 30 и 31, Прилог II од Додатокот на овој План). Најголем дел од нив се собираат за сопствена употреба, но дел исто така се продава на откупувачите во регионот. Од друга страна, шумските плодови (шумско овошје и печурки) главно се собираат за продажба со што се обезбедуваат значителни приходи пред сè за локалните жители. Меѓу нив економски најзначајни се боровинките, а по нив следуваат, смрекинките и печурките (главно вргањ, рујница и лисичарка). Семето и шишарките на моликата сепак се најзначајните шумски производи, а нивното собирање е организирано од страна на Управата на Паркот со учество на локалните жители. Количините на собрани шишарки се менува од година во година во зависност од побарувањата на странските пазари (главно во Германија, Италија, а во поново време и Словенија). Приходите од продажбата на моликови шишарки и семе обезбедуваат значаен дел од вкупниот буџет на Паркот, меѓу 8,3% во 2001 година до 45% во 1993 година (за детали види Табела 32, Прилог II од Додатокот на овој План).
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:27 )
|