|
Wednesday, 29 April 2009 09:56 |
|
Шумите и шумското земјиште во Националниот парк Пелистер покриваат над половина од неговата вкупната површина (5.672 ha). Шумарските активности се ограничени на мелиоративни интервенции во мелиоративната и туристичко-рекреативната зона и тоа преку проредување и отстранување на стари, мртви стебла или стебла оштетени од болести, снегоизвали и др. Овие активности се одвиваат согласно десетгодишните и годишните планови изготвени според одредбите од Законот за шуми. Важно е да се напомене дека со стапувањето во сила на новиот Закон за заштита на природата овие одредби престануваат да важат. Во последните 9 години во Паркот се насечени околу 8.500 m3 дрво од кои 22,6% припаѓаат на трупци и 77,4% на огревно дрво (за детали види Табела 28, Прилог II од Додатокот на овој План). Голем дел од приходот од продажба на дрвото се троши за навремено откривање и контрола на шумските пожари согласно годишните програми изработени според Правилникот за заштита од пожари (Сл. Весник на РМ 9/89). Годишно во просек се регистрираат од 10-15 пожари од кои во последните десет години 15 пожари биле со поголем интензитет и опожариле 146 ha шумско земјиште.
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:28 )
|