|
Wednesday, 29 April 2009 09:57 |
|
На територијата на Националниот парк Пелистер се зафаќаат дел од водите на Ротинска Река (9 l/s) за потребите на туристичките капацитети на Бегова Чешма согласно претходно изготвен елаборат. Исто така, неколку извори во Паркот се зафатени за водоснабдување на селата Нижеполе (во сливот на Црвена Река, кота 1.296 м.н.в.), Трново и Магарево (над Јоргов Камен) и Цапари (Костов Кладенец над кота 1.706 м.н.в.). Другото искористување на водите во Паркот е воглавно ограничено на зафаќање на извори или потоци за изградба на локални чешми, најчесто по должината на рекреативните патеки и кај излетничките места.
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:28 )
|