|
Wednesday, 29 April 2009 09:57 |
|
Овчарството претставува главната земјоделска гранка во Националниот парк Пелистер. Во моментот во Паркот се напасуваат околу 3.200 овци од кои 720 се во сопственост на жители од Маловишта, 350 од Трново, 1.400 од Крани и 450 од Нижеполе (види исто така Табела 33, Прилог II од Додатокот на овој План). Во моментот напасувањето не предизвикува значаен притисок врз овие живеалишта затоа што бројот на овци што се напасува на пасиштата во Паркот е далеку под максимумот. Согласно крмниот потенцијал на високо планинските пасишта во Паркот (види Табела 27, Прилог II од Додатокот на овој План) и проценката за потребната храна по овца, на секој хектар може да се напасуваат по околу три овци. Ако се земе предвид дека површината на пасишта изнесува 2.800 ha, во границите на Паркот може да се напасуваат и до 8.400 овци. Впрочем, поради недоволното напасување некои од тревни заедници во Паркот постепено исчезнуваат преку процесите на природната сукцесија (зарастување со грмушки, ширење на шумата). Површината во Паркот што се користи за други видови на земјоделско производство е незначителна. Вкупната површина на обработливо земјиште во Паркот изнесува 582 ha што претставува 5,44% од вкупната површина на Паркот и тоа главно ливади. И овие површини сé почесто се напуштаат и преку природните процеси на сукцесија постепено се претвораат во шумско земјиште.
|
|
Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:28 )
|