| Што е национален парк? |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 10:30 |
|
Според новиот Закон за заштита на природата под терминот „национален парк“ се подразбира „пространо претежно неизменето подрачје на копно или вода со особени повеќекратни природни вредности, кое опфаќа еден или повеќе сочувани или незначително изменети екосистеми, а првенствено е наменет за зачувување на изворното природно, културно и духовно богатство“ (Сл. Весник на РМ 67/04, член 72). Согласно овој закон националниот парк има научно-истражувачка, културна, воспитно-образовна и туристичко-рекреативна намена. Со националниот парк се управува интегрално на целата територија на начин со кој се обезбедува: 1) заштита на природните подрачја од национално и меѓународно значење за културни, научни, воспитно-образовни и туристичко-рекреативни цели; 2) стабилност на еколошките процеси и разновидноста преку трајно зачувување на репрезентативните физичко-географски региони, биоценози, генетски ресурси и видови во автентична состојба; 3) создавање на услови за развој на туризмот во согласност со принципот на одржлив развој и 4) остварување на културни, научни, образовни и рекреативни цели, кое во исто време ја одржува природната состојба на подрачјето. |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:01 ) |




