|
Friday, 22 May 2009 10:31 |
|
Политичките, социјалните и економските текови во регионот, државата и пошироко неминовно ќе имаат свои ефекти врз Паркот. Сепак, улогата на Јавната установа Национален парк Пелистер ќе биде да ги поттикне и поддржи токму оние промени и процеси кои ќе влијаат позитивно и да ги спречи негативните. При тоа, за клучните вредности на националниот парк кои беа изложени во претходното поглавје потребно е да се обезбеди највисоко можно ниво на заштита. Во таа смисла потребно е да се изготват соодветни политики за неколку важни области, кои во различна мерка се поклопуваат и кои се очекува да имаат најголемо значење или влијание во следните десеттина години. Основните насоки и поставки на овие политики се зацртани во Визијата за иднината на Националниот парк Пелистер изложена подолу. Визијата сликовито ја опишува состојба на Паркот што би се постигнала преку спроведување на првиот План за управување за Националниот парк Пелистер. При нејзиното читање треба да се претпостави дека се наоѓаме во 2015 година и ги гледаме резултатите од спроведувањето на Планот.
|
|
Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:02 )
|