| Заштита на геолошкото наследство |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 10:35 |
|
Терминот „геолошко наследство“, како што е тука употребен, се однесува на сите области на геологијата, вклучувајќи ја и палеонтологијата и минерологијата, како и сите аспекти на геоморфологијата.[1] Националниот парк Пелистер се истакнува по бројните глацијални и периглацијални појави кои се простираат на над 1.800 ha или 16,5% од вкупната територија на Паркот. Меѓу нив посебно интересни се камените реки кои се реткост на Балканот. Површината на камените реки во Паркот постепено се намалува поради ширењето на моликовите шуми. Долгогодишните набљудувања на стручните лица во Паркот укажуваат на тоа дека возрасните моликови стебла кои растат на камените реки побрзо и почесто се сушат во споредба со оние кои растат на околните простори со добро развиена почва. Ваквата појава посочува на можна реверзибилност на процесот на сукцесија на моликата на подолг рок. Сепак, ваквите хипотези треба да се потврдат со подолгорочни и систематски набљудувања. Во минатото главна закана по геоморфолошките вредности во Паркот биле несоодветниот избор на локацијата и изгледот на објектите и инфраструктурата. Според тоа, управувањето со геморфолошките и физичко-географските вредности во Паркот ќе биде насочено кон постигнување на следната цел: ü Камените реки, слизнатите блокови и другите геоморфолошки и физичко-географски појави во Паркот се во зачувана природна состојба. Мерки и активности: - Се спроведува мониториг на моликовите шуми; - Изготвена е листа на принципи кои ќе ги насочуваат одлуките при избор на локација, големина и дизајн за сите видови објекти и инфраструктура во Паркот; - Изготвена е листа на типови на проекти за кои ќе се организира јавна расправа во рамките на процедура за изготвување на оценка за влијанието врз животната средина. Со спроведување на мониторинг на моликовите шуми се очекува да се подобри нашето разбирање на динамиката на процесите на сукцесија на површините од камените реки и мориња. Другите две мерки се меѓусебно поврзани и се дел од низата мерки и активности за унапредување на соработката со заедниците[1] Оваа дефиниција ја следи Препораката за заштита на геолошкото наследство и просторите кои се од посебен интерес за геологијата (Rec/2004/3), усвоена од Комитетот на министри на 5-ти мај 2004 година, на 883-та средба на Замениците министри, при Советот на Европа. |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:05 ) |




