| Културно наследство |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:14 |
|
Според „Анкетата при проектниот план за интегрирана рехабилитација на архитектонското и археолошко наследство“ од „Регионалната програма за културно и природно наследство во Југоисточна Европа“ (Совет на Европа и Европска Комисија, 2003) историските документи во кои селото Маловишта се споменува за прв пат датираат од 16-ти век. Од друга страна, со првичните археолошки ископувања откриени се остатоци од зданија од доцниот Класичен период по должината на Via Egnatia која поминувала низ областа. Значењето на селото Маловишта на национално ниво се должи на уникатната просторна структура, со видливо издвоените маала, тесните улици, убавото природно опкружување и разновидноста на куќите. Селото Маловишта се смета за автентично наследство на влашката култура. Меѓу главните притисоци кои го загрозуваат културното наследство на селото Маловишта се смета напуштањето на селото, т.е. демографските промени. Архитектонското наследство на селото е загрозено поради несоодветно користење на постојните објекти, недоволно и несоодветно одржување на објектите и изградба на објекти кои не се во духот на неговата архитектонска традиција. Исто така, поради напуштање на традиционалните начини на стопанисување, културниот предел на селото постепено се менува низ процесите на природна сукцесија на шумите. Во основа, управувањето со културното наследство во Паркот има за цел да го зачува традиционалниот изглед на селото Маловишта. За исполнување на оваа цел значително ќе придонесат мерките и активностите опишани во Поглавје 7. Покрај тоа, Паркот ќе се залага кај надлежните органи изградбата на нови објекти и реконструкцијата на постојните да биде во согласност со „Деталниот урбанистички план за село Маловишта“. Во таа смисла, важно е да се спроведат мерките и активностите кои се однесуваат на унапредување на соработката со заедницата. |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:24 ) |




