| Информирање и образование |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:24 |
|
Постојната инфраструктура и бројните посетители се истовремено и причина за притисоци врз некои од клучните природни вредности во Паркот. Всушност, дел од притисоците се јавуваат како последица на недоизградената или несоодветна инфраструктура, како што се загадување со отпадни води или пак зголемени потреби од локални ресурси, на пример вода за пиење и за санитарна употреба. Целите, мерките и стратегиите за намалување и/или отстранување на притисоците поради загадување со отпадни води и зафаќање на водните ресурси се изложени во предходното поглавје и во Поглавје 8. Покрај горе наведените, значаен дел од негативните влијанија произлегува и од несоодветните активности и однесување на посетителите во Паркот, пример капење и перење во Големо Езеро, собирање на ретки и засегнати видови, или пак поради неконтролираниот пристап во делови од Паркот со еколошки чувствителни особености, како на пример вознемирување на црвеноклуната галка (Pyrrhocorax pyrrhocorax) поради големото присуството на посетители на Големо Еезеро и неговата околина. Ова поглавје се сосредоточува токму на последниве, и слични на нив притисоци врз клучните вредности на Паркот, и тоа преку низа од мерки и активности за информирање и образование на посетителите. Дополнителна контрола на овие притисоци се остварува преку зонирање во Паркот. Основни цели на овој План кои се однесуваат на информирање и образование на посетителите се: ü Постојат високо квалитетни материјали за информирање, толкување и образование, кои им помагаат на посетителите подобро да го разберат Паркот и повеќе да ги почитуваат неговите вредности; ü Постои соодветна поддршка за посетителите (центар за посетители, водичи, и сл.) во смисла на подобро разбирање и уживање во вредностите на Паркот; ü Посетителите се запознати со правилата за однесување за време на посетата на Паркот. Мерки и активности: - Во најкраток можен рок поставени се информативни и толковни табли во врска со: o Глацијалните езера. Локација на таблите: во близината на Големо Езеро, П.Д. Големо Езеро, и Мало Езеро; o Црвеноклуната галка. Локација на таблите: во близината на Големо Езеро и П.Д. Големо Езеро; o Пелагониската пастрмка. Локација на таблите: по должината на реките Ротинска и Маловишка/Шемница. - Во најкраток можен рок испечатени се и се дистрибуираат летоци за информирање и образование на посетителите за забраната за собирање и потребата од строга заштита на сите ендемски, ретки и засегнати видови на целата територија на Паркот, - До крајот на 2007 година центарот за посетители кај Седум Кладенци е оперативен, стручно екипиран и технички опремен; - Изработена е и се спроведува сеопфатна (интегрирана) „Програма за информирање, толкување и образование“. Оваа програма ќе ги прецизира мерките (материјали, патеки со соодветна инфраструктура, програми, обука на водичи и др.) за постигнување на трите цели посочени погоре на сеопфатен начин. Покрај другите содржини оваа програма неизоставно ќе вклучи информации, материјали за толкување и образување и други мерки и активности кои се однесуваат на клучните вредности во Паркот „Програмата за информирање, толкување и образование“ ќе се изработува паралелно со „Планот за развој на инфраструктурата за посетители во Националниот парк Пелистер“ заради потребата од усогласување и меѓусебно надополнување на овие две мерки. Исто така, врз основа на „Програмата за информирање, толкување и образование“ ќе се изработи правилник за однесување на посетителите во Паркот кој ќе биде дел од „Правилникот за внатрешен ред во Националниот парк Пелистер“
|
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:27 ) |




