| Инфраструктура и можности за рекреација |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:24 |
|
Благодарение на природните особености кои се во типична и зачувана форма и нивните естетски квалитети, Паркот е популарна дестинација за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но и од други земји. Локалното население особено негува долга традиција на поврзност и грижа за Пелистер. Благодарение на големиот интерес, во минатото изградени се објекти и инфраструктура за рекреација и туризам како од Управата на Паркот така и од други субјекти. Оваа инфраструктура во голема мерка го подобрува и збогатува престојот во Паркот и уживањето во неговите вредности, но постојат и повеќе неискористени можности за развивање на нови активности и доживувања на посетителите. Со цел да се развие и збогати престојот на посетителите со нови содржини и да се поттикнат нови искуства и доживувања во Паркот, до 2009 година Управата на Паркот ќе изготви „План за развој на инфраструктурата за посетители во Националниот парк Пелистер“ во кој ќе се дефинираат конкретни мерки и активности за постигнување на следните цели: ü Постојат објекти и поставена е инфраструктура кои ги насочуваат посетителите кон различните вредности во Паркот и кои нудат можности за разновидни активности во природна средина; ü Проток на посетители меѓу дестинации во Паркот и селата во непосредната близина на Паркот, и на пелагониска и преспанска страна, е поттикнат и постепено се зголемува; ü Постигнат е соодветен степен на безбедност на посетителите при престојот во Паркот; ü При изградба и поставување на инфраструктура за посетителите и понатаму се прават само скромни зафати, а дизајнот и материјалите се во склад со природниот предел. Мерки и активности: - Изготвен е „План за развој на инфраструктурата за посетители во Националниот парк Пелистер“ по претходна консултација со локалното население и другите засегнати страни (невладини организации, бизнис секторот и сл.), во согласност со целите за заштита на природното и културното наследство од овој План за управување; - Изготвен е детален урбанистички план за зоната Голема Ливада; - Изградени се нови пешачки, алпинистички, велосипедски и образовни патеки кои истовремено се во функција и согласност со стратегијата за информирање, толкување, образование и зонирање во Паркот; - Постојните патеки редовно се одржуваат и истите се опремени/доопремени со соодветна инфраструктура согласно правилата за зонирање во Паркот; - Изградени се дополнителни патеки кои ги поврзуваат околните села на битолска и преспанска страна со атрактивни дестинации во Паркот. „Планот за развој на инфраструктурата за посетители во Националниот парк Пелистер“ ќе се однесува на помали зафати, главно поврзани со изградба на пешачки патеки, пропратна инфраструктура, како и изградба на посебни и соодветни места за палење на огин. Треба да се напомене дека оваа мерка ќе се спроведува паралелно со „Програмата за информирање, толкување и образование“ (види подолу), од причина што двата документи треба се ускладени и меѓусебно да се надополнуваат. Исто така, треба да се има предвид дека, за сите поголеми зафати ќе се изготви детален урбанистички план за зоната Голема Ливада, на што треба да претходи изработката на новиот План за просторно уредување на Паркот.
|
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:29 ) |




