| Човечки ресурси и инфраструктура |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:25 |
|
Основните цели за развој и унапредување на човечките ресурси во рамките на овој План се: ü Управата на Паркот има ангажирано соодветни човечки ресурси (во смисла на број и квалификации) кои се потребни за спроведувањето на активностите предвидени со овој План; ü Управата на Паркот се грижи за одржување и унапредување на професионалните квалификации на вработените кои се релевантни за управување со Паркот; ü Управата на Паркот и понатаму нуди еднакви можности за редовно или сезонско вработување на лица од локалното население на сите нивоа на техничка и стручна подготовка; ü Управата на Паркот ги обезбедува потребните материјални (инфраструктура и опрема) и финансиски средства за спроведувањето на активностите предвидени со овој План. Мерки и активности: - Изготвена е програма за редовна обука на постојниот и новиот кадар на Управата на Паркот; - Се изготвуваат годишни програми за финансиско и материјално-техничко работење на Управата на Паркот и за спроведување на програмите предвидени во овој План; - Изработена е студија за можностите и инвестициона програма за диверзификација на изворите за финансирање на заштитата во Паркот; - Изготвен е „Правилник за работа на чуварската служба во Националниот парк Пелистер“. - Изготвени се детални урбанистички планови за следните локации: зона „Голема ливада“ (589 ha), зона „Нижеполе“ (1613 ha), над село Цапари околу манастирот (187 ha), просторот околу Турска Чешма (163 ha) и село Маловишта и неговата непосредна близина (191 ha). Согласно член 185 од Законот за заштита на природата (Сл. весник ма РМ 67/04) Управата на Паркот во моментов изработува нови акти за внатрешна организација и систематизација на работите и задачите. „Правилникот за работа на чуварската служба во Националниот парк Пелистер“ ќе се заснова на член 108 од Законот за заштита на природата (Сл. весник ма РМ 67/04). |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:29 ) |




