| Соработка со заедницата |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:26 |
|
За остварување на основните цели на заштитата во Паркот и ефикасно спроведување на мерките предвидени со овој План, потребно е да се одржат и унапредат односите на Управата на Паркот со сите релевантни чинители, посебно со надлежните власти на државните институции, локалните самоуправи на општините Битола и Ресен и локалните заедници. Посебно важно е да се има блиска соработка и партнерски однос со следните субјекти: - судските и инспекторските органи на државно и локално ниво; - Јавното претпријатие за стопанисување со шумите „Македонски Шуми“ и неговите подружници во регионот (Подружница „Кајмакчалан“ и Подружница „Преспа Дрво“); - концесионерите на ловиштата „Брајчино“, „Курбиново“ и „Баба“; - субјектите кои стопанисуваат со инфраструктурата и туристичите објекти на територијата на Паркот (Ј.П. „Македонски Патишта„ Ј.П. „Електростопанство на Македонија“, Ј.П. „Македонска Радио Телевизија“ и др.); - одборите на месните заедници од село Маловишта и селата на границите на Паркот или во неговата близина; - невладините организации и други волонтерски групи; - сопствениците на хотелите кои се наоѓаат на границите на Паркот или во нивна непосредна близина; - туристичките оператори и агенции кои работат во регионот, и други; - сопствениците на приватно земјиште и објекти; - националните и локалните печатени и електронски медиуми и др. Основните цели за развој и унапредување на соработката со сите чинители од потесната и пошироката заедница се: ü Управата на Паркот има воспоставено соработка и партнерство со државните институции и служби кои помагаат во управувањето со Паркот; ü Управата на Паркот има воспоставено соработка со стопанските субјекти кои работат во Паркот (сопственици на објекти, даватели на услуги и сл.); ü Управата на Паркот ги има уредено односите со стопанските субјекти кои работат во Паркот (сопственици на објекти, даватели на услуги и сл.); ü Управата на Паркот има редовна комуникација и соработка со локалните заедници; ü Управата на Паркот ја поттикнува и поддржува волонтерската работа во заштитата на биолошката разновидност и спроведувањето на плановите и програмите за заштита во Паркот. Мерки и активности: - Воспоставени се механизми за редовна консултација и координација со државните и локалните власти, стопанските субјекти и невладиниот сектор (на пример „Советодавно тело на Националниот парк Пелистер“ и сл.); - Изработена е стратегија и воспоставени се механизми за поттикнување и поддршка на волонтерска работа во Паркот (на пример основање на „Клуб на пријатели на Националниот парк Пелистер“); - Изготвен е „Правилник за внатрешен ред во Националниот парк Пелистер“; - Потпишани се договори за извршување на дејноста на други корисници на објекти, простор и ресурси како и даватели на услуги во границите на Паркот; - Изготвени се процедура и правилник за учество на јавноста во донесувањето на одлуки по однос на одредени планови, програми и проекти кои ги донесува и спроведува Управата на Националниот парк Пелистер. Договорите за извршување на дејноста на други корисници на објекти, простор и услуги во границите на Паркот ќе бидат подготвени согласно „Правилникот за внатрешен ред во Националниот парк Пелистер“. „Правилникот за внатрешен ред во Националниот парк Пелистер“ исто така ќе го регулира однесувањето на посетителите во Паркот. |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:30 ) |




