| Контрола на пожари |
|
|
|
| Friday, 22 May 2009 11:26 |
|
Тековните активности на Управата за контрола на пожарите во Паркот се ограничени со недоволната техничка опременост (поради финансиски ограничувања) и големината и карактерот на теренот. Соработката со локалното население во контролата на пожарите е на завидно ниво. Согласно член 98, став 3, точка 5 од Законот за заштита на природата, и правилникот за заштита од пожари (Сл. Весник на РМ 9/89), за утврдување на мерки и активности за заштитата од пожари во Паркот, Управата на Националниот парк Пелистер ќе изработи десетгодишна програма за борба против пожари која ќе претставува основа за изготвување на годишни планови за борба против пожари. Основната цел на планот за заштита од пожари би била: ü Лицата, имотот и вредностите во Паркот се заштитени од пожари. Мерки и активности: - Повеќегодишната „Програма за заштита од пожари“ која вклучува и план за техничко одржување и доопремување редовно се ревидира; - Се изготвуваат „Годишни планови за заштита од пожари во Националниот парк Пелистер“ согласно „Програмата за заштита од пожари“. - Изготвена е студија за одржување на виталноста, биолошката разновидност и динамиката на процесите на сукцесија на растителните и животинските заедници во Паркот преку „еколошко палење“ врз основа на кредибилни научни истражувања во Паркот; - Изградени се посебни и соодветни места за палење на оган наменети за посетителите (види исто така Поглавје 6.1.). Согласно „Програма за заштита од пожари“, ќе се пропишат соодветни препораки и насоки кои ќе го регулираат однесувањето на посетителите и субјектите кои вршат дејности или се даватели на услуги во Паркот и истите ќе бидат вметнати во соодветните поглавија од „Правилникот за внатрешен ред во Националниот парк Пелистер“ |
| Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:31 ) |




