|
Friday, 22 May 2009 11:29 |
|
Согласно член 93 од Законот за заштита на природата (Сл. Весник на РМ 67/04), зоните во националните паркови се установуваат со актот за прогласување (види Поглавје 2.1.4.). Сепак, до донесување на новиot акт за прогласување на Националниот парк Пелистер во сила е зонирањето според Планот за просторно уредување од 1988 година. Од друга страна, согласно член 92, став 4 од Законот за заштита на природата, активностите и дејностите кои можат да се вршат во зоните се определуваат со актот за прогласување на заштитено подрачје и планот за управување со заштитеното подрачје. Поради ваквите причини во овој План се уредуваат активностите и дејностите кои можат да се вршат во постојните зони во Паркот, како што е опишано подолу, во Поглавје 9.1. Покрај тоа, согласно член 93 од Законот за заштита на природата, во овој План се предлага ново зонирање во Паркот кое ќе се земе предвид при изготвување на новиот акт за прогласување на Националниот парк Пелистер. Рамките за активностите и дејностите во секоја од четирите зони се дефинирани со членовите 104-106 од Законот за заштита на природата. Исто така треба да се има предвид и член 75 од истиот закон според кој на целата територија на Паркот „забрането е спроведување на активности со кои се загрозува изворноста на природата во националниот парк, како и палење на огин на територијата на националниот парк, освен на посебно утврдени места дефинирани со планот за управување на националниот парк“. Од друга страна, согласно истиот член, став 2, „во националниот парк може да се вршат туристичко-рекреативни дејности, како и екстензивно земјоделство и рибарство на начин кој не го загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа“. 1.1. Зони во Националниот парк Пелистер 1.1.1. Опис на зоните | | Зона на строга заштита (1) | Мелиоративна зона (3) | | | | | Големина | 1523 ha | 6.976 ha | | | Атрибути | Простор со изворни, неизменети природни особености или незначително изменет како резултат на традиционални управувачки практики. | Простор со зачувани и деградирани природни особености кои се од интерес за заштита. | | | Управувачки приоритети | Да се заштитат во основа неизменетите природни услови на просторот. Да се дозволи само незначително влијание врз природните процеси. Да се обезбеди можност за посети и рекреација без поддршка од инфраструктура. | Да се реставрираат, ревитализираат или рехабилитираат живеалиштата, и другите елементи од пределот. Да се обезбедат услови за рекреативни активности кои имаат незначително влијание и за кои постои наједноставна инфраструктура. | | | Туристичко-рекреативна зона | | Голема ливада (2а) | Нижеполе (2б) | | Големина | 589 ha | 1782 ha | | Атрибути | Простор првенствено наменет за интензивни рекреативни активности и посета на голем број посетители за што постои добро развиена инфраструктура. | Простран природен простор во кој може да има значителни рекреативни активности и голем број на посетители без поголеми последици по вредностите. | | Управувачки приоритети | Да се овозможи интензивна активност која е истовремено поддржана со соодветна инфраструктура , вклучително и инфраструктура и услуги во информативни, толковни и образовни цели. | Да се заштити природната средина. Да се дозволат дисперзирани рекреативни активности за кои постои скромна инфраструктура и кои имаат незначително влијание врз природните процеси на просторот. |
|
|
Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:33 )
|