|
Friday, 22 May 2009 11:30 |
|
Картографскиот приказ на зоните според предлогот за ново зонирање во Паркот е даден во Слика 5 (види подолу). 1.1.1. Опис на зоните | | Зона за строга заштита (1) | Зона за активно управување (2) | | | | | Големина и локација | 3.045 ha | 5.080 ha | | | Атрибути | Простор со изворни, неизменети природни особености или незначително изменет како резултат на традиционални управувачки практики. | Простор со зачувани и деградирани природни особености кои се од интерес за заштита. | | | Управувачки приоритети | Да се заштитат во основа неизменетите природни услови на просторот. Да се дозволи само незначително влијание врз природните процеси. Да се обезбеди можност за посети и рекреација без поддршка од инфраструктура. | Да се реставрираат, ревитализираат или рехабилитираат живеалиштата, и другите елементи од пределот. Да се обезбедат услови за рекреативни активности кои имаат незначително влијание и за кои постои наједноставна инфраструктура. | | | | Зона за одржливо користење | | Зона за заштита и рекреација (3А) | Зона за рекреација (3Б) | | Големина и локација | зона „Нижеполе“ (1613 ha), над село Цапари (187 ha), Турска Чешма (163 ha) и зона околу село Маловишта (191 ha). | зона „Голема ливада“ (589 ha) | | Атрибути | Простран природен простор во кој може да има значителни рекреативни активности и голем број на посетители без поголеми последици по вредностите. | Простор првенствено наменет за интензивни рекреативни активности и посета на голем број посетители за што постои добро развиена инфраструктура. | | Управувачки приоритети | Да се заштити природната околина. Да се дозволат дисперзирани рекреативни активности за кои постои скромна инфраструктура и кои имаат незначително влијание врз природните процеси на просторот. | Да се овозможи интензивна активност која е истовремено поддржана со соодветна инфраструктура , вклучително и инфраструктура и услуги во информативни, толковни и образовни цели. | | | Заштитен појас 4А | Заштитен појас 4Б | | | | | Големина и локација | Во радиус од 100м околу предавателот на МРТВ (2 ha) | Околу Големо Езеро и П.Д. „Големо Езеро“ (22 ha). | | | Атрибути | Во непосредната околина на објектот се наоѓаат тревните заедници Lino-Seslerietum (локална ендемска заедница) и Jasioni-Caricetum curvulae. | Простор кој содржи природни вредности од високо значење за заштитата (ендемски тревни, заедници и видови) но и инфраструктура (планинарски дом) која има значително влијание врз околината. Исто така многу атрактивна и популарна дестинација за голем број посетители. | | | Управувачки приоритети | Да се овозможи нормално функционирање на предавателот. | Да се минимизира влијанието врз Големо Езеро. Да се минимизира влијанието врз црвеноклуната галица на просторот околку Големо Езеро. Да се минимизира влијанието врз блатните заедници околу Големо Езеро. | |
|
|
Last Updated ( Tuesday, 02 June 2009 11:35 )
|