| Националниот парк Пелистер ќе биде проширен за 5.000 хектари |
|
|
|
| Thursday, 11 September 2008 22:52 |
|
Министерството за живоtна сердина и просторно планирање ќе изврши повторно прогласување на дел од Пелистер за заштитено подрачје во категоријата национален парк со што околу 17.150 хектари од неговата површина ќе биде заштитена, што е 5.000 хектари повеќе од досегашната територија на националниот парк. Проширувањето на националниот парк Пелистер ќе се однесува на еден дел од високопланинскиот регион на планината Баба, на потегот од Ветерница, Голема Грива, Муса, Скрково и Црна Стена, со што би се заштитило и периодичното глацијално езеро Орлови Бари, односно флората и фауната која егзистира во ова езеро. Со ова проширување, исто така, ќе се опфати изворишниот дел од реката Сапунчица, како и заштита на сливното подрачје на Брајчинска река со што ќе се заштити пелистерската пастрмка која е ендемски вид во Македонија пред истребување. Дополнително ќе се прошири границата на паркот до Грција и поврзување со Националниот парк Преспа, со цел заштита на природата за воспоставување и развој на пограничните заштитени подрачја. Со проширувањето на паркот до границата со Грција ќе бидат опфатени и еден дел од буковите шумски комплекси и пределни вредности на овој дел од Пелистер. Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк со површина од 12.500 хектари. Паркот се карактеризира со исклучителни природни вредности како геоморфолошки, така и хидролошки, флористички и фаунистички. PrespaSky, 17/08/2007 |
| Last Updated ( Sunday, 28 September 2008 21:36 ) |




