| 8-ми Пелистерски велосипедски крос |
|
|
|
| Sunday, 28 September 2008 20:58 |
|
Масовен одзив на 8-миот по ред Пелистерски велосипедски крос.За сите учесници беше обезбеден организиран бесплатен превоз.Од рано утро децата од основните и средните училишта со своите велосипеди беа транспортирани до информативниот центар.Стартот на трката беше означен во 10 и 30 а се возеше до Палиснопје и назад.Овој проект е само еден во низата со кој Управата на Националниот Парк Пелистер го развива алтернативниот туризам а индиректно влијае на подигнувањето на јавната свест за значењето на природните богатства со кои располага Националниот Парк Пелистер. Децата видно возбудени, нечуствувајќи го дождот и студот беа желни за забава.И планинарите кои се редовни гости на падините на Националниот Парк Пелистер ги подржуваат ваквите манифестации. Апелираат, да се организираат повеќе пати во текот на годината. Единствената жена во средовечни години веќе трета година по ред доаѓа на Пелистерскиот велосипедски крос. Ги повикува нејзините сограѓанки почесто да доаѓаат на Пелистер. 8 - миот по ред Пелистерски велосипедски крос го организираше ЈУ НПП, МЖСПП, Планинарското друштво Медикус, Велосипедскиот клуб Пелистер од Битола, Велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп и Агенцијата за млади и спорт. Настанот беше збогатен со богата културно уметничка и забавна програма. За веселото располажение на сите присутни се погрижија Елвир Мекич, Јован Јованов, Верче Пандиловска, Браво Бенд, Ноне, Неџт Тиме, Бојана и КУД Гоце Делчев.
![]()
|
| Last Updated ( Sunday, 28 September 2008 21:35 ) |





