|
Отворен Информативниот центар на Пелистер |
|
|
|
|
Sunday, 28 September 2008 21:39 |
| 60 - те години макотрпна работа на ЈУ Национален Парк Пелистер крунисана со уште еден важен настан. Во присуство на министерот и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и Соња Лепиткова, министерот за одбрана Зоран Коњановски, градоначалниците на Општина Битола и Прилеп, Владимир Талески и Марјан Ристески, преставници од ЈУ Национален Парк Пелистер, и голем број на гости беше отворен Информативниот центар во просториите на т.н. Вилата на Лазо. | | | |
Информативниот центар ќе биде во служба на граѓаните, туристите и воопшто на сите посетители на Националниот Парк Пелистер.Министерот Јакупи најави дека во следниот период Информативниот центар ќе биде комплетно опремен со средства од министерството.Овој објект е само уште еден кој ќе биде ставен во функција на развој и промовирање на туризмот во Битола најави Градононачалникот Владимир Талески. Објектот во кој се наоѓа Информативниот центар беше реновиран со средства од Швајцарската Агенција за развој и соработка која работи во склоп на Швајцарската Амбасада. |
|
Last Updated ( Sunday, 28 September 2008 21:59 )
|