| Културно наследство |
|
|
|
| Wednesday, 29 April 2009 09:45 |
|
Историјата на човековата активност на Баба Планина се протега далеку во минатото, а видливи остатоци за тоа датираат уште од пред 4.000 години. Оваа активност оставила свои отпечатоци во вид на археолошки остатоци од кои дел се сé уште неоткопани и кријат значајни информации за минатото. Од истражувањата спроведени во минатите години очигледно е дека Баба Планина е област во која опстанале значајни артефакти од национално значење, од предисториско време, преку средниот век до современата ера, поради што потенцијалот за наоѓање на нови археолошки докази е навистина голем. Голем број на објекти во Паркот биле означени како културни вредности поради нивното локално или регионално значење засновано на нивните историски или естетски квалитети. Меѓу поважните објекти на културното наследство во рамките на Националниот парк Пелистер спаѓаат Цапарското Кале (населба од римско време и среден век), Маркова Кула (утврдена населба од II-III век п.н.е), Попова Нива (средновековна населба), Црква Св. Петка (1856 година), голем број на остатоци од Македонскиот фронт од Првата светска војна и селото Маловишта. Овие културни објекти се дел од незаменливото наследство на Паркот. Тие се важни сами по себе, поради нивниот придонес кон важноста на Паркот, но и за подобро разбирање на врските меѓу човекот и природата на просторот на Паркот.
|
| Last Updated ( Monday, 04 May 2009 09:23 ) |




