Правила и прописи
За заштита на Националниот Парк Пелистер и неговите природни убавини,
за можат и идните генерации на посетители да уживаат во неговите убавини
треба да се запазуваат и почитуваат следните правила и прописи:
Забрането е палење на оган
Забрането фрлање на смет
Забрането употреба на скара
Забрането водење на миленичина
Забранет лов
Забранет риболов
Забрането кампување и ноќевање на отворено и под шатори
Прекршочни санкции за физичките лица
(член 183-а Закон за заштита на природата)
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвреднос доколку :
Остава, фрла или испушта отпад во Националниот Парк
Пали оган во Националниот Парк
Фрла отпушоци од цигари во Националниот Парк
Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност доколку :
Се движи надвор од патеката за посетители или на места забранети за посетители
Непримерно се однесува со заштитеното подрачје и притоа не постапува по укажувањата на чуварската служба во Националниот Парк
Се движи со мопед , мотор или моторно возило без дозвола од Управата на Националниопт Парк , вон асфалтен пат во Паркот
Создава бучава или на друг начин ги вознемирува заштитените диви животински видови
Глоба во износ од 70 евра во денарска противвредност доколку :
Не се легитимира на барање на чуварска служба од Националниот Парк
Сече дрва или кине или на друг начин уништува загрозени и строго заштитени видови на растенија во Националниот Парк
Лови , убива или на друг начин уништува загрозени и строго заштитено видови на животни во Националниот Парк